На Малта приведени повеќе од половина од сообраќајните полицајци

Од:

Повеќе од половина од сообраќајните полицајци на Малта, вклучувајќи го и нивниот шеф, се уапсени поради сомневање дека лажирале стотици прекувремени часови.

Во акцијата која следувала по анонимна дојава, притворени се 37 од вкупно 50 сообраќајни полицајци во таа земја поради сомнение дека лажирале стотици прекувремени часови во период од три години.

Шефот на сообраќајната полиција Волтер Спитери се сомничи и дека барал на користење мотоцикл иако на располагање имал службен автомобил со возач.

„Шефот на сообраќајната полиција вчера поднесе оставка, која е прифатена“, соопшти денеска полицијата.

Неколку полицајци се сомничат и дека купувале гориво со службени пари за свои, приватни возила.

Премиерот Роберт Абела оцени дека е добро што полицијата спроведува истраги во сопствените редови. Тоа ја потврдува функционалноста на полицијата.

Ако истрагите покажат дека тие луѓе треба да се доведат пред суд или да се преземат дисциплински мерки против нив, тогаш тоа и ќе се случи, рече Абела.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски