На конференција во Лондон обезбедени 180 милиони евра за Чернобил

Од:

На меѓународна конференција во Лондон обезбедени се дополнителни 180 милиони евра за изградба на нова прекривка на оштетениот реактор во Чернобил.

Конференцијата е организирана од Германија, која годинава претседава со настанот, со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), која ги координира донациите за обезбедување на нуклеарната постројка во Украина, пренесува Фена.

Средставата во најголем дел се обезбедени од Европската унија и земјите од Г-7. Сумата од 180 милиони евра се додава на износот од 350 милиони евра, што во ноември ги вети ЕБРД.

– Претходно постоеше недостиг од 615 милиони евра за планот за изградба на нова безбедносна прекривка, што со новите донации е намален на 85 милиони евра, се наведува во соопштението на ЕБРД.

Новите средства ќе обезбедат продолжување на работите во Чернобил, а доколку ниту една земја поединечно не учествува во покривање на останатиот долг, ЕБРД ќе го направи тоа наместо нив, пренесува порталот „croenergo.eu“.

Во тек е операција за санација на бетонскиот саркофаг што е брзински изграден по катастрофата на 26 април 1986 година со цел да се изолира реакторот број 4. Структурата има голем број напукнувања и мора да биде прекриена со челична прекривка со тежина од 20.000 тони, што се финансира со меѓународни фондови.

Прекривката се очекува да чини околу 1,5 милијарди евра, на што треба да се додадат и трошоци за деконтаминација и разни санитарни мерки со што конечниот износ може да достигне 2,15 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он