На Чавес му остануваат уште три месеци живот, тврдат лекари

Од:

На претседателот на Венецуела, Уго Чавес му останале само неколку месеци живот, тврдат лекари.

Лекарот Хосе Рафаел Маркина, кој работи во САД и е запознат со здравствената состојба на претседателот Чавес, изјави за радиото RCN дека на Чавес му останале „меѓу два и три месеци живот“.

– Болеста мина во агресивна фаза. Има метастази во лумбалниот дел кој притиска нерви околу рбетот што може да предизвика парализа, изјави Маркуина кој тврди дека има пристап до информации и доверливи податоци за здравјето на Чавес.

Во саботата Чавес преку националната телевизија објави дека повторно ќе оди на Куба каде ќе биде опериран од рак и го именуваше потпретседателот и шеф на дипломатијата Николас Мадура за можен наследник.

Чавес (58) ја предводи Венецуела веќе 13 години и досега имаше три операции од рак и четири циклуси хемотерапија на Куба и Венецуела за една година.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски