На Брејвик не му дозволија да присуствува на погребот на мајка му

Од:

Управата на затворот Или, во близина на Осло, ја одби молбата на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик, да му овозможи да присуствува на погребот на неговата мајка.

Брејвик е осуден на максимална затворска казна од 21 година, поради убиство на 77 лица на 22 јули 2011 година, а пред два дена побара од управата на затворот, да му дозволи да присуствува на погребот.

Одговорните лица од затворот одлучија дека тоа не би било примерно и донесоа решение да биде задржан во затворскиот режим под високи бебедносни мерки.

Брејвик 2011 година активира бомба пред седиштето на норвешката влада во Осло и во таа прилика уби осум лица, а потоа отвори оган врз учесниците на собирот на лабуристичката младина на островот Утоја и уби 29 момчиња и една девојка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби