Стотици католици се собираат пред болницата во Куала Лумпур на чиј прозорец веруваат дека се прикажал ликот на Мајката Божја. Некои стигнале и од неколку стотини километри оддалечените градови, за да се уверат во чудото и да запалaт свеќа пред болницата.
Верниците пред болницата се молат и пеат, а од Црквата соопштија дека ќе ја испитаа автентичноста на појавата. Од болницата сеуште не се изјасниле за наводната појава на прозорецот од нивната зграда.