Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Од:

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.

Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.

„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, слога и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.

Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини