Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата. На ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде постои можност од одрони.

Од 17 август до 1 октомври 2026 година е изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради санација на косината на автопатот А4, на делницата Миладиновци–Свети Николе–Штип.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски