На „Богородица“ запленет златен и сребрeн накит проценет над половина милион денари

Од:

Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ запленија 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар.

Царинската управа соопшти дека со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Случајот е откриен на граничен премин „Богородица“ кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.

По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија.

Би можело да ве интересира

Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција

Предраг Петровиќ

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на скопското ЈП „Паркови и зеленило“

Сообраќајот на Евзони без прекини до крајот на неделата

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Повторно попладневни блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

АМСМ: Од 17.30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)