За излез од државата преку „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се чека повеќе од еден час

Од:

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ.

Гужвата на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце трае од утринава, каде како што информира АМСМ во шест часот, времето на чекање за излез од државата било од 40 минути до еден час.

Како што се наведува во соопштението за состојбата на патиштата од 12 часот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“