Амбалажа со мртви птици е пронајдена од американската гранична контрола внатре во куферот на еден патник кој патувал од Кина до Вашингтон.
Во изјавата од претставниците на американската царина стои дека се работи за мртви птици спакувани во пластична амбалажа за храна на домашни миленици.
Според информациите на граничната контрола, патникот имал намера да ги пренесе мртвите птици во Мериленд како храна за мачки.
По запленување на амбалажата од патникот, истата е уништена поради можно пренесување на вирус.
Појавата на Коронавирусот ги мобилизираше американските власти драстично да ја зголемат контролата на граничните премини.