На Африка и e ветена медицинска помош на самитот во Париз

Од:

Со укинување на патентите за да ѝ се дозволи на Африка да произведува вакцини, меѓународната заедница собрана во Париз вети дека ќе му помогне на здравството на континентот, но без цврсто финансиско ветување за сиромашните економии.

– Поддржуваме трансфер на технологија и работа кои ги побараа Светската здравствена организација, Светската трговска организација и Патентот за лекови (поддржан од ОН) за укинување на сите ограничувања во однос на интелектуалната сопственост што го блокираат производството на секаков вид вакцина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по конференцијата.

На конференцијата учествуваа триесетина африкански и европски лидери, како и претставници на големи меѓународни економски организации.

Макрон истакна дека учесниците се одлучиле за силна иницијатива за масовно производство на вакцини во Африка, особено со „финансирање од Светска банка“.

Поради времето потребно за започнување на тоа производство, Макрон објасни дека на краток рок, учесниците на самитот се согласиле да го зајакнат Ковакс (организација за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји) со цел да се вакцинираат од 20 до 40 проценти од луѓето во Африка.

Претседателот на Сенегал, Меки Сал, рече дека „кампањите за вакцинација спроведени во развиените земји не гарантираат здравствена безбедност“.

Тој предупреди на опасноста во Африка да се развијат „екстремно отпорни варијанти на коронавирусот“. Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди истакна дека ќе биде предизвик да се убеди населението во потребата од вакцинација „откако ја демонизирале социјалните мрежи“.

Африка е релативно поштеден континент со 130.000 смртни случаи од Ковид-19, според официјалните податоци, од вкупно 3,4 милиони починати ширум светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска