Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе за 16 март закажа референдум за новиот устав.
Според западни медиуми, речиси е сигурно дека новиот устав ќе биде прифатен откако Мугабе и премиерот Морган Цвагираи ја поддржаа иницијативата. Со новиот устав ќе биде отворен пат за претседателски и парламентарни избори кои според премиерот, ќе бидат во јули.
Новиот устав е со цел да се ограничат широките овластувања на претседателот и во исто време ги засилува државните институции како Кабинетот, парламентот и судската власт. Мугабе и Цвангираи составија влада на национално единство по спорни избори во 2008 година и се согласија за ново гласање по прифаќање нов устав. Мугабе е на власт од 1980 година, по добивањето незавинсот на држават од Велика Британија.