Муслим: Турција го забавува минувањето на курдските борци од северен Ирак за Кобане

Од:

Претставник на сириските Курди ја обвини Турција дека го забавува реализирањето на спогодбата за премин на борците на Пешмерга од северен Ирак во сирискиот град Кобане.

Лидерот на партијата на сириските Курди, Демократската унија, Салих Муслим, изјави дека силите на Пешмерга веќе три дена се подготвени да тргнат за Кобане.

– Но, не знаеме што се случува меѓу нив и Турција. Забавувањето е заради Турција, рече  Муслим.

Вооруженото крило на оваа курдска партија, т.н. Сили за заштита на народот, веќе еден месец во и околу Кобане се борат против џихадистите од групата Исламска држава.

Турски претставник, кој зборуваше само под услов да остане анонимен, изјави дека двете страни се уште ги разгледуваат деталите за договорот.

– Турција е дел од овие дискусии. Принципиелно ние кажавме „да“ на планот за префрлање на пешмергите, останатиот дел се само детали, така што не е точно кога е вели дека ние попречуваме, изјави тој.

Турција соопшти дека е согласна 150 курдски борци од Ирак да минат преку нејзина територија за да им помогнат на сириските Курди во Кобане да го заштитат овој историски град од џихадистите од Исламскат држава.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ