Претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин порача денеска дека „повеќе не смее да има војна“ на Корејскиот Полуостров и ја повика Северна Кореја да не се однесува заканувачки во момент кога се зголемува напнатоста меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, при што двете страни најавуваат воени акции.
– На Корејскиот Полуостров повеќе не смее да има војна. Без разлика со какви успеси и падови се соочуваме, ситуацијата мора да се реши по мирен пат, рече Мун, отворајќи го редовниот состанок со високите помошници и советници, нагласи јужнорејското претседателство.
Мун исто така изрази уверување дека САД ќе одговорат на моменталната ситуација мирно и одговорно, „со став каков што има и Јужна Кореја“.