Мугабе: Зимбабве не е слободна држава, нема услови за фер избори

Од:

Поранешниот долгогодишен водач на Зимбабве Роберт Мугабе (94) денеска изјави дека неговата земја не е слободна, откако минатата есен беше извршен државен удар против него.

Мугабе се обрати до јавноста непосредно пред парламентарните избори закажани за утре. Тој оцени дека земјата е далеку од потребното ниво за да се организираат слoбодни избори и го отфрли тврдењето дека сакал неговата сопруга Грејс Мугабе да го наследи на претседателската функција.

Ова беше првата прес-конференција на Роберт Мугабе откако беше принуден да се повлече од функцијата во полза на потпретседателот Емерсон Мнангагва. Мугабе беше во сенка во текот на изборната кампања.

Мнангагва, пак, е водечки кандидат на изборите.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска