Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе е реизбран за нов петгодишен мандат, соопшти денеска државната изборна комисија.
– Роберт Мугабе од партијата Африканска национална унија на Зимбабве-Патриотски фронт од денеска е законски избраниот претседател на Република Зимбабве, изјави на прес-конфренција претседателот на изборната комисија Рита Макарав, објавувајќи ги резултатите од изборите кои се одржаа на 31 јули.
Морган Цвангираи, главниот противкандидат на Мугабе, ги оцени изборните резултати како лажни.