Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе првпат се појави во јавност откако армијата ја презеде власта, на дипломската церемонија на Универзитет во предградие на Хараре.
Во присуство на неколку илјади дипломци, Мугабе, облечен во академска наметка и шапка, ја отвори церемонијата и се придружи во пеењето на националната химна.