Мугабе ја подготвува својата сопруга за негов наследник

Од:

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе (90) ја подготвува својата втора сопруга, Грејс за негов наследник, пишуваат западните медиуми.

Овие медиуми откриваат дека подолго време во домашната јавност се зборува околу тоа кој ќе го наследи актуелниот претседател на оваа африканска земја, со која управуа повеќе од 30 години и притоа се почесто,се споменува дека Грејс Мугабе (49) ќе биде еден од главните претенденти.

Тврдењата дека таа влегува во политичкиот живот се интензивираа откако Грејс беше предложена за нов лидер на моќната и влијателна женска лига на владеачката партија ЗАНУ, на што се верува дека ќе биде и избрана на партискиот конгрес во декември оваа година. Неодамна, таа набрзина, беше промовирана и како доктор по социологија,иако само два месеци пред тоа се запиша на Универзитетот на Зимбабве.

Домашни незавсни посматрачи, сепак, ги отфрлаат ваквите предвидувања на странските медиуми, инсистирајќи дека Грејс Мугабе нема да го наследи својот сопруг, затоа што ја нема подршката на целата партија ЗАНУ, туку само на една нејзина фракција.

Се проценува дека таа нема сила да и се спротивстави на Џојс Муџуру, актуелен потпретседател на државата, која важи за главен кандидат и далеку најсилен претендент за лидеркста функција во партијата и за претседателската функција.

Претставници на опозицијата сметаат дека „туркањето на Грејс“ во политиката е само политички маневар на Роберт Мугабе кој преку својата сопруга сака да ги држи на еднаква дистанца сите фракции во ЗАНУ и на тој начин да ја зацврсти својата власт во Зимбабве.

Локалните организации за заштита на човековите права,па,сметаат дека влегувањето на Грејс Мугабе во политиката на земјата е доказ оти долгогодишниот претседател повеќе нема доверба во ниту една личност од неговото најблиско политичко опкружување.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска