Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс „се подготвени да умрат за она што е исправно“ и немаат намера да се повлечат за да го оправдаат пучот, изјави внукот на Мугабе, Патрик Жувао.
Во телефонски разговор за светски медиуми, од „тајна локација’ во Јужна Африка, тој рекол дека Мугабе едвај спиел откако армијата ја презеде власта во средата, но оти неговото здравје е добро.