Владејачката партија на Зимбабве ЗАНУ-ПФ му даде рок на претседателот на земјата Роберт Мугабе, кој денеска беше сменет од лидерката позиција на партијата, до утре до 12.00 часот, по локално време, да поднесе оставка од функцијата претседател на државата.
ЗАНУ-ПФ најави дека, доколку Мугабе не поднесе оставка, ќе биде започната процедура за импичмент, односно ќе биде отповикан на седницата на Парламентот на Зимбабве, што е закажана за в вторник.