Му се ближи ли крајот на Башар ал Асад?

Од:

Денеска е избран нов лидер на обединетите сириски опозициски партии откако предходниот Бурхан Галиун си поднесе оставка.

Новоизбраниот лидер на сирискиот национален совет Абделбасет Сида по изборот изјави дека му се ближи крајот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Тој истакна дека режимот на Асад ја изгубил контролата врз неколку градови, меѓу кои и Дамаск.

„Влегуваме во деликатна фаза. Режимот се приближува кон крајот. Зачестените масакри и напади покажуваат дека тој се бори за опстанок“.

Сида најави дека опозициското обединување ќе вложи напори „меѓународната заедница да донесе клучна одлука во однос на режимот, кој продолжува да врши масакри“.

Планот на меѓународниот посредник Кофи Анан за излез од кризата „се уште постои, но не се применува“, истакна тој.

„Ние ќе дејствуваме овој план да биде вклучен во Глава 7 на статутот на ОН, за да биде принуден режимот да го почитува“.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски