Може ли Швајцарија да биде пример за Велика Британија и ЕУ?

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Додека Велика Битанија размислува дали да остане или не во ЕУ, многу британски избирачи во лицето на Швајцарија гледаат пример како да се градат односите со Европската унија.

Во декември 1992 Швајцарците на референдум гласа против вклучување на земјата во Европската економска зона (ЕЕЗ). Членството во ЕЕЗ тогаш беше првиот чекор кон влегување во Европската унија.

Наместо тоа, Швајцарија склучи над 120 билатерални договори со Брисел за достап на швајцарски стоки до европскиот пазар. Над 50 проценти од швајцарскиот извоз оди во земји членки на ЕУ.

Потпишувањето на секој од тие договори даде доста позитивни резултати, вели политичкиот аналитичар Дитер Фрајбургхаус.

– Швајцарија има интерес само за економскиот аспект од евроинтеграцијата и го добивме точно тоа – достап до внатрешниот европски пазар. Тоа е од полза за нашата економија. Засега…, појасни тој.

Швајцарската економија се смета за најконкурентна во светот.

Невработеноста расте, но сепак останува ниска во споредба со европските земји. Како држава надвор од ЕУ, Швајцарија успеа да склучи со Кина посебен трговски договор за работи кои членките на Унијата не можат еднострано да ги уредат.

Критично важен пазар

Но, швајцарските бизнисмени предупредуваат дека земјата не смее да им служи за пример на Британците, затоа што нивниот модел на односи со Брисел е формиран со долгогодишни сериозни преговори.

– Понекогаш успеваме да стигнеме до многу подобри зделки, другпат не постигнуваме ништо, вели Јан Атесландер, директор за Европа во Швајцарската бизнис федерација Економисуис. – Од економска гледна точка тука има и позитивн и негативни страни. Не постои начин се да се издејствува, додава тој.

Иако имаат достап до европскиот пазар, швајцарските компании „не играат на исто рамниште“ со европските колеги.

Машинската компанија „Ригер“ продава над половина од своите производи во ЕУ.

– Споредете ги само логистичките расходи, посочува раководителот на фирмата Бернард Ригер. – Во Европа нештата се едноставни: од гледна точка на законите и даночните обврски тие сите работат на еден пазар, а ние Швајцарците треба да ја извезуваме нашата стока. А извозот од Швајцарија излегува поскапо за 4 до 6 проценти, вели тој.

Да не го заборавиме и многу високиот курс на швајцарскиот франк – со што швајцарските производи стануваат многу скапи во странство. Токму затоа „Ригер“ изгради фабрика во Холандија, отвори многу работни места таму, а не дома.

И токму затоа Бернард Ригер отворено им кажува на своите британски колеги: „Мојата главна препорака е да изгласате да останете во ЕУ. Тоа е критично важен пазар“.

Според Ригер, ако Вританците гласаат за излегување од заедницата, многу британски фирми нема да имаат никаков избор освен да префрлат дел од своите операции во ЕУ.

Слобода на движење

Швајцарија сакаше само тесни економски врски со Европа, но со текот на времето потесни станаа и нејзините политички врски со ЕУ.

Во преговорите со Швајцарија, Брисел постојано истакнува дека не може да и ги обезбеди најповолните елементи од европскиот проект кој првенствено ја засегаат трговијата.

Затоа швајцарските власти го одобрија европскиот принцип за слобода на движење, што значи дека граѓаните на ЕУ можат без проблеми да живеат и работат во Швајцарија. Земјата влезе и во Шенген зоната. Иако таа вопшто не учествувашр во подоготивките на тие договори.

Освен тоа, Швајцарија инвестира милијарди долари во европски проекти од сферае на науката, образованието, културата и безбедноста. Земјата дури вложи и 1,18 милијарди евра во фондот за проширување на ЕУ, помагајќи ги финансиски новите членки од Источна Европа.

Проблеми

Сето тоа отвори политички проблеи. Пред две години растечката емиграција ги вознемири швајцарските избирачи и ги натера на референдум да одобрат ограничувања за населувањето во Швајцарија на граѓани од ЕУ, истовремено и да го отфрлат принципот за слобода на движење.

Брисел веднаш реагираше.

Швајцарските универзитети веќе не можат да учествуваат во европски проекти. Швајцарските студенти уште долги години нема да имаат достап до европската програма Еразмус за размена на студенти.

– Исклучувањето од таа програма е голема пречка за нас, вели Андреас Мортенсен, заменик ректор на Федералниот институт за технологии во Лозана. – За еден истражувач е подобро да си остане во ЕУ. Тоа ќе му даде интелектуален авторитет и ќе ја олесни соработката меќу професорите, додаде тој.

Санкциите од ЕУ веќе ги чувствува студентката Цилија Шварц, вклучена во програмата Еразмус која планирала патување во Холандија врз основа на размена.

– Беше предвидено да заминам, но потоа дојде тој референдум и се разбира сега веќе не можам да одам таму, вели таа.

Во краен случај швајцарската Влада и помогна на Цилија Шварц и на нејзините колеги – Берн почна одделно да плаќа на секој европски универзитет за да примаат студенти од Швајцарија.

А сега, каде?

Сите досега со толку труд постигнати договори меѓу Швајцарија и ЕУ можат да бидат ставени под знак прашалник заради нејзиното откажување да ги следи принципите за слобода на движење во Европа.

Швајцарската Влада се уште не го ограничува бројот на мигрантите кои пристигнуваат секоја година од ЕУ и се надева дека ќе најде излез од ситуацијата, а притоа да не биде казнета од Брисел.

Но нештата веќе тргнуваат на лошо. Брисел го замрзна не само учеството на Швајцарија во научните проекти, туку и преговорите за договорите за финансиски услуги и електроснабдување, кои се од витално значење за Швајцарија.

Покрај тоа, со Швајцарија нема да се потпишуваат никакви договори пред да заврши британскиот референдум, објави Брисел.

И штом Брисел не сака да направи отстапки за слободното движење на молба од земјата од ЕУ, како што го демонстрираше тоа на преговорите со Велика Британија, колку е веројатно дека ќе дозволи европската миграција да биде ограничувана од земја која е надвор од заедницата?

– Сите велат дека Велика Британија може да ја напушти ЕУ, но никој не кажува што потоа ќе се случи, предупредува Дитер Фрајбургхаус. – Што ќе се случи со договорите склучени со ЕУ? Швајцарија има над 120 такви договори. Ќе почне ли Велика Британија исто да преговара за 120 договори? Ќе се вклучи ли Кралството во Европската економска зона? Ништо не е јасно по сето тоа, рече тој.

Со други зборови, Швајцарија е доказ дека животот надвор од ЕУ е можен, но нема да е лесен.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него