Мозамбик започна со кампања за вакцинирање против колера

Од:

Во градот Беира во Мозамбик денеска почна вакцинација на граѓаните откако беа пријавени 1.400 пријавени случаи на колера.

Во Беира и околината живеат околу 900.000 луѓе, а од прогласувањето на епидемија на колера починаа најмалку двајца.

Целта е да се вакцинираат жителите на Беира, Донда, Натаманди и Бузи.

Беира е еден од најтешко погодените градови во Мозамбик од ураганот Идаи.

Од колера човек може да почине во рок од неколку часа доколку нема соодветно лекување. Повеќе од 100.000 луѓе и понатаму се раселени и немаат пристап до вода за пиење. Светската здравствена организација предупреди дека доколку се прошират болестите како колера и маларија тоа би предизвикало и „други катастрофи“.

Би можело да ве интересира

Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок

Во Бугарија е потврден првиот случај на колера во последните 103 години

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

СЗО: Климатските промени ја поттикнуваат колерата низ светот

Ана Ололовска