Мозамбик: Се стравува дека бројот на жртвите од циклонот ќе порасне над 1.000

Од:

Бројот на жртви од поплавите во Мозамбик, предизвикани од циклонот „Иади“, би можел да се зголеми двојно, од 550 да ја помине бројката 1.000.

Генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ас Си потврди дека бројот може да порасне и додаде оти хуманитарните потреби се огромни во Мозамбик.

Поплавите се повлекуваат, а спасувачите и натаму се обидуваат со помош на хеликоптери да пронајдат преживеани.

Според најновите извештаи на ОН и на владите на африканските земји, циклонот „Идаи“ однесе преку 550 животи во Јужна Африка.

Официјален претставник на ОН, повикувајќи се на владини извештаи, информира дека во циклонот животот го загубиле 242 лица во Мозамбик и 56 лица во Малави. Министерот за одбрана на Зимбабве потврди 259 смртни случаи во таа земја.

Џема Конел, шефица на хуманитарната канцеларија на ОН за Јужна и Источна Африка, изјави во Мапуто, главниот град на Мозамбик, оти стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми, особено во Мозамбик, каде што се уште се поплавени многу области.

Џема Конел ги повика земјите да им помогнат колку што е можно повеќе на оние кои останаа без храна и домови.

Би можело да ве интересира

Тропскиот циклон Гомбе предизвика 53 жртви во Мозамбик

Ана Ололовска

Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик

Ана Ололовска

Претседателот на Мозамбик и лидерот на опозицијата потпишаа нов мировен договор

Во Мозамбик после циклонот прогласена епидемија на колера

Ана Ололовска

Петмина загинати во невремето во Мозамбик

Мозамбик започна со кампања за вакцинирање против колера

Татјана Ташкова