Ал Џезира Балкан – Сараево
Во Мозамбик официјално нема повеќе нагазни мини. Дваесет години по интензивните напори да се отстранат околу 200.000 мини, заостанати по долгата граѓанска војна, вродија со плод.
Големите глодари се херои на војната против нагазните мини во Мозамбик. Ќе влезат во историјата, а со оглед на тоа дека таа африканска земја на југот на континентот е прва голема држава контаминирана со нагазни мини, која целосно е исчистена од смртоносното наследство од граѓанската војна.
Напорите биле многу тешки и бавни, но по 20 години вродија со плод. Отстранети се околу 170.000 нагазни мини. Дева Мавхинга од Хјуман Рајтс Воч вели дека ова е напредок за африканскиот континент.
– Се отвора вратата на големи можности. По отстранувањето на мините, може да се обработува земјата и да се работи на искоренување на сиромаштијата. Народот на Мозамбик тие региони може да ги користи за економски и развој на инфраструктурата. Навистина се отвораат големи можности и ова е многу добра вест за нас, вели Мавхинга.
Притаено оружје
Но, мините можеби се отстранети, но нивните ефекти врз жителите на Мозамбик се и натаму присутни. Се проценува дека повеќе стотици луѓе настрадале од нагазни мини. Една од нив е и Селесте Мунгуамбе, која само еден погрешен чекор ја направило инвалид.
Конвенцијата за забрана на противпешадиските мини е на сила веќе 16 години. Ја потпишаа 162 држави. Мините сега ретко се користат во вооружени судири. Меѓутоа, некои држави, како Кина, насобраа милиони.
– Пред забраната за користење на нагазните мини, од нив годишно страдаа околу 20.000 лица. Сега тој број падна на околу 900. Успехот на Мозамбик како земја исчистена од мини, може да ги охрабри другите држави, бидејќи навистина може да се отстранат сите мини, известува од Јоханесбург репортерката на Ал Џезира Таниа Пејџ.
Ова притаено оружје е замислено да убие или осакати. Граѓаните на Мозамбик сега се безбедни од мини, но напорите за остранување на мините во другите држави, како Шри Ланка, Ангола и Колумбија, продолжуваат.