Мозамбик: 68 настрадани во поплавите

Од:

Во најголемите поплави во последната деценија во Мозамбик загинаа 68 луѓе, соопштија денеска Обединетите нации.

Врз основа на владините податоци кои ги добивме денес, бројот на жртвите од 12 јануари до денес изнесува 68 луѓе, само денес седум лица загинаа во поплавите, рече претставник на ОН Патриша Нејкел.

Мозамбик и соседните земји, Зимбабве и Јужна Африка ги зафатија поројни дождови кои предизвикаа излевање на реките.

Нивото на водата во нив може да се спореди со катастрофалните поплави во 2000 година, кога загинаа околу 800 луѓе.

Во северниот дел на Мозамбик, околу 4.000 луѓе се сместени во кампови, кои државата ги постави откако останаа без своите домови во поплавите.

Поплавите во земјата се закануваат на повеќе од 180.000 луѓе, според наводот на Нејкел, иако други извори во ОН баратаат со бројка од 250.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Тропскиот циклон Гомбе предизвика 53 жртви во Мозамбик

Ана Ололовска

Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик

Ана Ололовска

Претседателот на Мозамбик и лидерот на опозицијата потпишаа нов мировен договор

Во Мозамбик после циклонот прогласена епидемија на колера

Ана Ололовска

Петмина загинати во невремето во Мозамбик

Мозамбик започна со кампања за вакцинирање против колера

Татјана Ташкова