Најмалку 17 лица загинаа денеска, а неколкумина се повредени во Мапуто, главниот град на Мозамбик, откако 15 метри висок куп отпад и ѓубре затрупа седум куќи.
Несреќата се случи околу три часот по полноќ локално време во сиромашната населба Хулена. Куќите биле нелегално изградени, а властите во неколку наврати побараа жителите да ги напуштат.