Москва – САД кој кого вооружува?

Од:

Руското министерството за надворешни работи негира дека во средата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини САД дека им испорачуваат оружје за сириските бунтовници.

Министерството вели дека се работи за грешка во преводот.

Светските агенции објавија дела Лавров на прес-конференцијата во Техеран ги обвини САД дека ги бооружуваат бунтовниците.

„Тоа беше грешка во преводот“, изјавија од преставник од Министерствотот и покажа примерок од изјавата на Лавров во кока стои:

-Ние не и праќаме ниту на Сирија, ниту на било која друга земја опрема што може да се користи против цивили за разлика од САД кои редовно им испорачуваат специјална опрема на земјите во регионот“, изјавил Лавров во Иран според изјавата поднесена од страна на министерството.

САД во вторникот изрази загриженост поради испораката на руски борбени хеликоптери на режимот во Дамаск, а Русија ги отфрли обвинувањата, за продажба на хеликоптери на Сирија, велејќи дека тоа се одамна склучени и платени договори, кои сега само се довршуваат.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија