Москва меѓу добрите и лошите полицајци на Европа

Од:

Во односите на Европската унија и Русија дојде до привидно неочекуван развој на настаните, на подобро. По разидувањето на претседателот на Русија Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, на минатонеделниот самит на Г20 во австралискиот град Бризбејн и по острите зборови на шефицата на германската влада упатени на Москва во Сиднеј, во понеделникот Советот на министри на ЕУ одлучи да и понуди на Русија, клучна членка на Евроазиската стопанска унија, нов вид на соработка. Деталите од новата стратегија на Брисел требаше да ги објасни германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во Москва, кој во Москва се состана со ресорниот колега Сергеј Лавров.

Министрите за надворешни работи на ЕУ одлучија во понеделникот да понудат воспоставување на нови видови на соработка меѓу ЕУ и Евроазиската стопанска унија (која претставува руска противтежа на стратегијата на Брисел, да воспостави економска доминација во предворјето на Европа, од Мала Азија до Кавказ).

– Европа ќе покрене нови преговори со Русија – рече шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, со акцент дека преговарачите на ЕУ до сега биле фокусирани на украинскиот проблем – што ќе рече дека изгубиле од предвид дека односите на заедницата на западните држави (членките на ЕУ и САД) и Русија не зависата само од решението на кризата во Украина.

Австрискиот министер, секако не зборуваше во лично име. Еден ден пред тоа обраќање на јавноста, имаше спротивно мислење. Курц само го прочита заедничкото соопштение, во својство на претседавач на надворешнополитичкиот совет на ЕУ. На таа ротирачка функција стапи токму минатиот понеделник.

На одлуката на министерот претходеше и придонесе уводното излагање на германскиот министер за надворешни работи. Неполн час по жестокиот настап на германската канцеларка во Сиднеј, во кој Меркел ја обвини Москва дека спроведува освојувачка политика и најсериозно го загрозува европскиот мировен поредок од крајот на студената војна, Штајнмајер предочи на министрите на членките на ЕУ дека Русија и нејзините интереси мора да се уважат и дека вербалните испади на некои западни државници не ја отсликуваат вистинската состојба на работите ни подготвеноста на нивните држави и влади евентуално да заземат поостар став кон Москва.

Со оглед на тоа дека беше јасно на кого се однесува критиката на Штајнмајер, во западните булеварски медиуми се појавија натписи во кои одлуките на министерскиот совет се нарекоа Востание на министрите против канцеларката на Европа.

Германските весници предочија на читателите две сценарија. Според првото, во коалиционата влада во Берлин царува раздор меѓу владејачките демохристијани на Меркел и социјалдемократите на Зигмар Габрије, на кои припаѓа Штајнмајер. Според второто сценарио, Берлин се одлучи за тактика на добар и лош полицаец, како во филмовите од црн жанр, па на Штајнмајер добриот полицаец, останува да се обиде да ја предомисли Русија на соработка, можеби на отстапки во решавањето на внатрешно политичката состојба во Украина.

Повоздржаните и притоа пореалните коментатори истакнаа дека актуелните судири во светот меѓусебно се поврзани, т.е. дека западната алијанса и Русија се упатени на меѓусебна соработка во решавањето на кризата, од Ирак и Сирија до Украина. Ова го потврди и самиот Штајнмајер во интервју за неделното издание на весникот Велт, кога рече дека не смее да се изгуби од предвид колку нервозно реагираше Москва на обидот на Брисел да го прошири своето влијание на Украина, но и обратно, колку прашина се дигна во Брисел кога стана јасно дека Русија со основањето на Евроазиската стопанска унија ќе ги осуети плановите на европската експанзија во Азија.

– Решението кое би било во интерес на ЕУ и Русија, а притоа и за добро на Украина, би била соработка на двата стопански блока: перпсективите на стопанската поврзаност би биле од значење за двете страни – рече Штајнмајер.

Наспроти примамливите предлози за соработка, за двете страни, патот до реализацијата би можел да биде долг. Тоа, пред состанокот со германскиот ресорен колега го истакна и Лавров.

– Го цениме активниот дијалог со Берлин, но тоа не значи дека треба да очекуваме нагол исчекор во решавањето на украинскиот проблем – рече Лавров, имајќи предвид дека Европа одамна ја надмина границата на подносливост на санкциите кои ги наметна на Москва.

Согледувајќи го ваквиот дипломатски развој на настаните, од разидувањето на западните членки и Русија на самитот на Г20, па се до вчерашната посета на Штајнмајер на Москва, може да се заклучи дека критичарите се во право кога тврдат дека се работи за игра на добри и лоши полицајци, како што истакнаа некои булеварски весници. Бидејќи, стратегијата на Берлин беше позната и пред самитот, исто како и посетата на Штајнмајер на Москва која беше договорена пред самитот. Се чекаше министрите на ЕУ во Брисел ополномоштени од Штајнмајер да покренат преговори во нов правец. Значи, се чини дека истапите на Меркел во Австралија беа последен обид да се постигне повеќе од планираното…

Политика – Белград

 

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски