Моравјецки положи заклетва како нов премиер на Полска

Од:

Заклетва за премиер на Полска денеска положи Матеуш Моравјецки, наследувајќи ја Беата Шилдо, која што во новата влада е именувана за заменик-премиерка одговорна за социјална политика.

Со тоа практично Моравјецки и Шилдо си ги заменија функциите.

Шилдо поднесе оставка од фунцијата минатата недела под притисок на владејачката конзервативна партија Право и Правда (ПИС), која се обидува да го подобри имиџот на Полска во странство и да се подготви за престојните избори.

Моравјецки претходно беше вицепремиер и министер за финансии, а тој треба да ја претставува земјата во спорот со ЕУ во врска со обвинувањата дека со измената на законите за судскиот систем, Варшава ги поткопува демократијата и владеењето на правото.

Програмата на новата влада ќе биде претсавена утре пред Долниот дом на Парламентот, каде што треба да се гласа довербата.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата