Моралес е речиси сигурен дека Чавез е отруен

Од:

Претседателот на Боливија и близок пријател и сојузник на починатиот венецуелски претседател Уго Чавес, Ево Моралес, изјави дека речиси е сигурен дека Чавез е отруен.

„Нашите браќа“, вршителот на должноста претседател на Венецуела Николас Мадуро и останатите власти на Венецуела ќе спроведат детална истрага, но јас сум речиси сигурен дека Чавез е убиен, изјави – тој.

Според зборовите на Моралес империјата ги има сите инструменти за план да ја сруши владата, лидерот, социјалните движења, кои се борат против капитализмот, но кога не успее да победи империја, презема задача за завршување на животот на одреден лидер.
Боливијскиот претседател изјави дека Чавез беше „војник со добра физичка подготвеност“, а неговата служба за безбедност секогаш функционирала беспрекорно.
Моралес додаде дека постои сомнеж дека и труењето било причина за смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат и херојот на борбата за ослободување на Латинска Америка, Симон Боливар.

Руска агенција наведува дека и Мадуро во парламентот по давање на претседателската заклетва посочи дека болеста на Чавес се развива под чудни околности.

Чавес почина на 5-ти март во 58-та година од својот живот во болница во Каракас.
Агенција „Ројтерс“ пишува дека Чавес паднал во кома ден пред смртта од респираторна инсуфлуенца, бидејќи ракот се проширил на белите дробови.

Британска агенција наведува дека вистинската состојба на Чавес била една од најчуваните тајни на светот од моментот кога е откриено дека боледува од канцер.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски