Монти си оди, Берлускони се враќа?

Од:

Италијанскиот премиер Марио Монти, му рече на претседателот Наполитано дека има намера да се повлече. Берлускони денеска најави дека ќе се кандидира за функцијата.

“Монти мисли дека не е можно да продолжи со неговиот мандат и затоа ја изнесе намерата да поднесе оставка”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Италија, пренесува АФП.

Монти, како што пренесе Итар-Тас, е подготвен да поднесе оставка од премиерската функција штом во парламентот се усвои буџетот за 2013 година.

Средбата на италијанскиот претседател и премиерот траеше приближно два часа.

Берлускони претходно потврди дека има намера да учествува на парламентарните избори следната година.

Претходно оваа недела стана јасно дека владата на Монти остана без поддршка на партијата на десниот центар на Берлускони, чии пратеници формално истапија од парламентарното мнозинство кое ја поддржува техничката влада на Монти.

Според мислењето на италијанските аналитичари тоа до некаде ќе ги забрза роковите за одржување на нови избори, така што наместо во април следната година, како најверојатен датум за нивно одржување сега се споменува 10-ти Март.

Берлускони денеска по неговото доаѓање на стадионот на ФК “Милан”, одговорајќи на новинарско прашање, лично потврди дека ќе учествува на престојните избори.

Доколку неговата партија победи, тој ќе стане премиер по трет пат.

“Не можам да кажам дека ми недостасува палатата Киџи (резиденција на владата). Се враќам само од чувство на одговорност”, рече Берлускони, прецизирајќи дека неговата партија “барала нов лидер, но не нашла никого.”

За 76-годишниот Берлускони тоа ќе бидат шести избори во кои учествува.

Веќе се знае дека противникот на Берлускони ќе биде Пјер Луиѓи Берсани, кој е избран за кандидат на Демократската партија.

Наполитано сега одржува консултации со политичките сили за кризната состојба, а пред да бидат закажани изборите ќе мора да го распушти парламентот, а потоа во рок од 70 дена мора да се одржат изборите, потсетуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим