Монт Еверест ги зеде првите жртви оваа година

Од:

Холанѓанец и државјанка на Австралија починаа веројатно од височинска болест при симнување од Монт Еверест.

dobivaj vesti na viber

Ерик Арнолд (35) имал со себе доволно боци со кислород, како и неговите партнери планинари, но почувствувал дека му се лоши и починал ноќта спроти саботата, пред да успее да слезе пониско. Тој починал во близина на Јужно седло, соопштија денеска од агенцијата „Севн самит трекс“ во Катманду.

Според австралиските медуми Марија Страјдам исто така покажала симптоми на височинска болест вчера попладне по што починала.

Ова се првите регистрирани смртни случаи за оваа година во регионот на највисокиот врв на Земјата.

Би можело да ве интересира

Непал заради пандемијата ги запре експредициите на Еверест

Ландов

Тројца алпинисти загинаа, а еден е исчезнат во реонот на врвот Еверест

Ана Ололовска

Тајно сакал да го освои Еверест, па бил казнет со 22.000 долари

Наум Локоски

Илина Арсова: И за Еверест требало книшка

Емир Латифовиќ