Моника Левински: Клинтон сакаше секс во тројка и сексуални помагала

Од:

39 годишната Моника Левински се подготвува да напише книга за поранешниот претседател Бил Клинтон во која најавува дека ќе ги открие сите детали меѓу кои и за неговата желба за секс во тројка.

Нејзините пријатели велат дека поранешната стажантка во Белата куќа сака да му се освети на Клинтон бидејќи тој по неверството поминал без никакви последици, а неа сеуште ја следел лошиот глас за љубовните состаноци во Овалната соба. Освен тоа, на овој чекор се одлучила и зашто кариерата и била уништена,а од книгата би можела добро да заработи.

„Моника би можела да опише како Бил и зборувал за неговата неисполената желба за секс во тројка и за користењето на сексуални помагала“, изјави нејзината пријателка.

Издавачите се борат кој ќе ги добие правата за книгата за која Левински може да добие и 12 милиони долари.

„Моника толку пати се обидуваше сето тоа да го остави зад себе, но аферата со Клинтон сеуште ја прогонува. Скоро има четириесет години, а нема маж во својот живот и бесна е што аферата го уништи само нејзиниот живот“, вели нејзината пријателка.

Книгата треба да ги вклучи нејзините писма до Бил Клинтон кои досега не беа достапни за јавноста. Во нив ја опишува својата љубов кон Клинтон, и верувањето дека таа, која тогаш имала 22 години може да го усреќи повеќе отколку неговата сопруга Хилари, која претеседателот ја нарекувал „ладна риба“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски