Мохаџер-10: Дрон со најдолг дострел во светот

Од:

Денеска, на годишнината од почетокот на поранешната војна со Ирак, Иран ја покажа својата воена опрема, вклучувајќи го и „дронот со најдолг дострел на светот“.

Тој го прикажа дронот заедно со балистички и хиперсонични ракети.

Беше објавено дека дронот првпат и e претставен на јавноста на парадата која се емитуваше во живо, а беа прикажани и дроновите Мохаџер, Шахед и Араш.

Исламската Република минатиот месец објави дека развила напредно беспилотно летало наречено Мохаџер-10 со подобрен дострел и времетраење на летот, како и со поголем товар, пренесува Ројтерс.

Овој дрон има оперативен домет од 2.000 километри и може да лета до 24 часа, објавија државните медиуми, додавајќи дека неговата носивост би можела да достигне 300 килограми, што е двојно повеќе од капацитетот на дронот Мохаџер-6.

Американските власти го обвинија Иран дека и испорачува на Русија беспилотни летала Мохаџер-6, меѓу другите беспилотни летала, за нејзината војна против Украина, тврдења што Техеран ги негираше.

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, на парадата во главниот град Техеран денеска изјави дека иранските сили ја гарантираат безбедноста во регионот и во Персискиот залив.

Тој додаде дека тоа може да биде „добар пример во регионот дека отпорот е начин на денешницата“.

„Она што го одвраќа непријателот не е потчинување и колебање, туку отпор“, најави Раиси.

САД во вторникот воведоа нови санкции поради развојот на беспилотни летала и воени авиони од страна на Техеран, насочени кон повеќе луѓе и ентитети во Иран, Русија, Кина и Турција, пишува Ројтерс.

Иранско-ирачката војна започна на 22 септември 1980 година, кога силите на тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин го нападнаа Иран и траеше до 1988 година, а имаше катастрофални економски последици и најмалку половина милион жртви, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран