Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека воена интервенција во Венецуела е неприфатлива за ЕУ.
– Кризата во Венецуела има политички и институционални причини. Нејзиното решавање мора да биде политичко, како што мора да биде мирно и демократско. Тоа значи без воени интервенции, одвнатре или однадвор, и такво решение е прифатливо за нас, истакна Могерини за врема на конфернецијата на Советот за безбедоност на Обединети нации, посветени на соработката на ОН со регионалните и субрегионалните организации.
Таа истакна дека меѓународната иницијатива може да помогне во изнаоѓање на мирен и демократски излез од кризата.
– Поради тоа е формирана Меѓународна контакт група од европски и јужноамерикански држави, да помогне во создавање на услови за политички процес кој би довел до слободни и фер претседателски избори, во согласност со меѓународните стандарди и Уставот на Венецуела, посочи Могерини.