Захарова: САД распоредуваат специјални сили во близина на границата на Венецуела

Од:

Руското Министерство за надворешни работи  ги обвини САД и неговите сојузници во НАТО поради најавата за можно вооружување на опозицијата во Венецуела.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД распоредуваат специјални единици и опрема во близина на таа јужноамериканска држава.

– Постојат информации дека САД и нивните сојузници од НАТО работат на зделка за купување големо количество оружје и муниција од една источноевропска држава, кое ќе го предадат на опозициските сили во Венецуела, нагласи Захарова. Таа дополни дека САД планираат кон почетокот на март на опозицијата да го предадат оружјето од украинската компанија „Антонов“

Захарова рече дека утрешниот обид за достава на хуманитарна помош ќе биде искористен за предизвикување судири и ќе биде изговор за американска воена интервенција за насилна смена на актуелниот претседател Николас Мадуро. Русија го поддржува Мадуро, додека САД и повеќето западни земји стојат зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он