Могерини: ЕУ на 7. октомври започнува операција за борба против трговци со мигранти

Од:

Европската унија на 7 октомври започнува операција за борба против илегалниот шверц на луѓе во Средоземно Море, соопшти денеска Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува ТАСС.

– Втората фаза на европската операција за борба против трафикантите со мигранти ќе започне на 7 октомври. Политичкото решение е донесено, подготвени се и средствата за нејзино остварување, истакна Могерини.

Одлуката за формирање на посебна воена поморска мисија за контрола на миграцијата беше донесена на европско ниво.

Првата фаза на операцијата, започната на 22 јуни, се сведува на собирање информации. Втората фаза предвидува задржување и проверка на сомнителни пловни објекти, за кои се претпоставува дека вршат илегален транспорт на мигранти до Европа.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје