МО на Русија очекува изрежиран напад со хемиско оружје во Идлиб

Од:

Портпарол на Министерството за одбрана на Русија предупреди денеска дека за вечерва е планиран изрежиран хемиски напад во Сирија.

Игор Конашенко нагласи дека МО добило информација дека лидерите на групите Хајат Тахрир ал-Шам и Хизб ал-Туркистани ал-Ислам како и локални координатори на Сириската цивилна одбрана се собрале во терористичкиот коменден центар во Идлиб на 7 септември.

На тој состанок според него, договориле сценарио за изрежирани инциденти со употреба на отровни супстанци против цивили кои би биле припишани на сириската влада и сите треба да се подготват за вечерва.

– Специјална команда на некои „странски пријатели на сириската револуција“ треба да им дадат сигнал на терористите да почнат со практични провокации во провинцијата Идлиб, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија