Пред насобраните луѓе во Хараре, Емерсон Мнангагва кој што во петок се очекува да даде заклетва како претседател на Зимбабве рече дека почнува нова фаза во демократијата на земјата.
– Народот го кажа своето. Гласот на народот е глас на Бога. Денеска сме сведоци на нова и развиена демократија, потенцираше Мнангагва пред илјадниците приврзаници кои се собраа пред седиштето на владејачката партија Зану-ПФ.