Мнангагва официјално е новиот претседател на Зимбабве

Од:

Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва денеска положи заклетва и вети дека ќе се посвети на работата за благосостојбата на граѓаните.

Мнангагва ќе биде на таа должност до следната година, кога истекува претседателскиот мандат. Датумот за одржување на нови избори не е утврден.

Десетици илјади лица се собраа на стадионот и со овации го поздравија новиот претседател, кој го замени Роберт Мугабе.

Мнангагва е поранешен близок соработник Мугабе, но поранешниот претседател на почетокот на месецов го разреши од функцијата потпретседател под обвинение за „нелојалност“, откако влезе во отворен конфликт со неговата сопруга Грејс Мугабе.

Мнангагва го викаат „Нгвенја“ (Крокодил) поради политичката лукавост и безобѕирност.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска