Мнангагва: Експлозијата е кукавички чин

Претседателот на Зимбаве, Емерсон Мнангагва денешната експлозија на предизборниот митинг во градот Булавајо ја нарече „кукавички чин“, кој нема да ја спречи земјата да одржи слободни и мирни избори следниот месец.

– Кампањата досега е водена во слободно и мирно опкружување и ние нема да дозволиме овој кукавички чин да се најде на нашиот пат додека се движиме кон избори, напиша Мнангагва на Фејсбук.

Тој додаде дека ги посетил во болница повредените лица.

Мнангагва во интервју за државната телевизија на Зимбаве изјави дека експлозијата се случи „само неколку сантиметри“ до него.

– Во минатото имаше толку многу обиди да ме убијат, што се навикнав на тоа. Можам да ве уверам дека ова се моите стандардни непријатели.

Полицијата го истражува инцидентот, за кој претходно беше објавено дека загинале неколку луѓе.

Мнангагва ја презеде власта во ноември минатата година откако претседатлот Роберт Мугабе, под притисок на армијата, се повлече од функцијата.

Претседателските и парламентарните избори во Зимбабве ќе се одржат на 30 јули. Тоа се први избори, од стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година, на кои не учествува Мугабе.

Би можело да ве интересира

Циклон „Идаи“: 350 загинати, стотици исчезнати

Ана Ололовска

Најмалку 23 лица заглавени во рудник за злато во Зимбабве

Претседателот на Зимбабве повика на „национален дијалог“ по насилните протести

Ана Ололовска

Поради антивладините протести во Зимбабве оневозможен пристап до интернет

Ана Ололовска

Нови антивладини протести во Зимбабве

Ана Ололовска

Зимбабве планира да воведе нова валута

Наум Локоски