МКС е разочаран што суданскиот претседател не е уапсен од властите во Јужна Африка

Од:

Заменик главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Џејмс Стјуарт изјави денеска дека судот е разочаран бидејќи јужноафриканските власти не го уапсиле суданскиот претседател Омар ал-Башир, кој со својот авион се вратил во Картум, оценувајќи дека со тоа ги прекршиле своите обврски.

– Нашиот став секогаш бил дека обврската на Јужна Африка е јасна и недвосмислена. Таа имаше обврска да го уапси, истакна Стјуарт.

Тој додаде дека овој случај „само би можел да го зајакне судот, кој нема да се повлече како што некои мислат“.

Башир денеска со авион ја напуштил Јужна Африка и си заминал дома, и покрај барањето од судот на оваа земја да остане во неа до донесување на конечната одлука дали ќе биде испорачан на МКС, потврдија суданските власти.

Суданскиот лидер е обвинет за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид за време на судирите во Дарфур. Според податоците на ОН, околу 400.000 луѓе загинале, а повеќе од два милиона ги напуштиле своите домови од 2003 година, кога бунтовниците започнаа оружен бунт.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата