(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Од:

Пожар избувна во 18-катница, која се смета за една од најпрепознатливите знаменитости на главниот град на Судан. Не е познато што го предизвикало пожарот во кулата со стакло на нафтената компанија во близина на реката Нил, јавува Би-Би-Си. Британската служба јавува дека за време на конфликтот меѓу армијата и ривалските сили во Картум биле опожарени неколку згради.

„Ова е навистина болно“, рече архитектот на зградата, Тагред Абдин, во објава на мрежата Икс (Твитер).

Нема извештаи за евентуални жртви.

Конфликтот во Судан избувна во средината на април по неколкумесечни тензии меѓу суданскиот армиски генерал Абдел Фатах Бурхан и неговиот ривал, генералот Мохамед Хамдан Дагало, кој ги предводи паравоените сили на РСФ.

Би можело да ве интересира

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“