МКГ: Индонезија може да се соочи со клон на Исламската држава

Од:

Меѓународната кризна група (МКГ) денеска јавно ја предупреди Индонезија дека во оваа 250 милионска земја, во која 90 отсто од жителите се муслимани, постои реална опасност да се појави клон на групата Исламската држава од Ирак и Сирија.

Според членот на оваа влијателна меѓународна група за политички анализи, Сидни Џонс, чија изјава ја пренесува „Џакарта пост“, со враќањето на околу 500 жители на Индонезија, кои сега се борат во редовите на радикалните муслимани во Ирак и Сирија, во земјата ќе дојдат луѓе со зголемен идеолошки и верски фанатизам, кои се и добро обучени да се борат со оружје.

Индонезија се уште нема донесено закон за прогласувањето на нејзини државјани кои се во ИД за соучесници во криминални дела. На тие што се враќаат, за сега, им се заканува само одземање на пасошите. Полицијата, ако открие потенцијални поддржувачи и агитатори на идеите на Исламската држава ги апси, но не ги обвинува за тероризам.

Според денешните медиуми во Џакарта, бази за регруторање на млади луѓе кои би заминале на боиштата во Ирак и Сирија има во Џакарта и Соло на островот Јава и на уште четири други локации на Сулавеси и Суматра. Агитаторите најчесто успеваат да го привлечат вниманието на помлади луѓе од сиромашни семејства.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници