Мјанмарски суд го осуди поранешниот политички коментатор Нгар Мин Све на седум години затвор, поради упатени критики преку Фејсбук на сметка на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.
Судот го прогласи новинарот за виновен поради предизвикување „метеж“ и пишување „навредливи објави“ против Су Чи, со што „кај луѓето создавал лажна претстава за неа“.
Све е поранешен колумнист на провладин весник, што излегуваше од печат во време на воената хунта. Тој е познат како жесток критичар на Си Чи, која е дисидентка од времето на хунтата и која дојде на власт на почетокот на 2016 година со обнова на демократијата во земјата.