ОН: Мјанмарски генерали мораат на суд поради „геноцидни намери“ против Рохинџи

Од:

Мјанмарската армија со „геноцидни намери“ извршила масовни убиства и силување членови на мулсиманското малцинство Рохинџи, а главниот командант и уште петмина генерали поради тоа треба да бидат изведени пред суд, објавија денеска истражители на ОН.

Цивилната влада на Аунг Сан Су Кји дозволила говор на омраза, уништувала документи и не го заштитила тоа малцинство од злосторства против човештвото и воени злосторства извршени од армијата во покраините Ракхине, Качин и Шан.

– Тоа уште повеќе придонело за извршување на тие ѕверски злосторства, пишува во извештајот.

Пред една година, владините сили извршија прогон во мјанмарската покраина Ракхине како одговор на нападите на Амријата на спасот на Аракан Рохинџа врз 30 мјанмарски полициски станици и воени бази.

Околу 700.000 Рохинџи побегнаа и најголем дел од нив сега живеат во бегалски кампови во соседен Бангладеш.

Тело на ОН предводено од поранешниот државен обвинител Марзуки Дарусман го посочи командантот на мјанмарската армија, генерал Мин Аунг Хлаинга и уште пет други генерали како лица на кои треба да им се суди.

Масакрот го открија двајца новинари на Ројтерс кои се уапсени во минатата година. Суд денеска требаше да изрече пресуда, но рочиштето е одложено за 3 септември.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска