Мјанмарската полиција отвори оган врз демонстрантите во Баган

Од:

Полицијата во поранешниот древен главен град на Мјанмар, Баган отвори оган врз демонстрантите кои протестираа поради воениот удар.

Според очевидците повредени се најмалку пет луѓе. А, собраните чаури покажуваат дека полицијата употребила боева муниција.

Протести поради пучот денеска имаше и во другите градови во Мјанмар, вклучително и во двата најголеми Јангон и Мандалеј, каде полицијата пукаше во воздух како предупредување и употреби солзавец, гумени куршуми и шок бомби за да го растера насобраниот народ

Баган се наоѓа во централната област Мандалеј и е на листата на УНЕСКО како светско наследство поради повеќе од 2.000 пагоди или нивни остатоци, а потекнуваат од девет до 13 век. Тогаш Баган беше главен град на кралството подоцна познато како Бурма, а сега како Мјанмар.

Според Канцеларијата на Обединети нации за човекови права, најмалку 18 демонстранти загинаа од огнено оружје на 28 февруари, а 38 беа убиени на 3 март, а повеќе од 1.500 луѓе се уапсени.

Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска