Лидерот на мјанмарската опозицикса Националната лига за демократија (НЛД), Аунг Сан Су Ќи на прес-конференција потврди дека раководството на партијата донело конечна одлука да учествува на општите изборит најавени за ноември годинава.
Неизвесноста дали НЛД ќе учествува на изборите беше поради одбивањето на правото нобеловката Аунг Сан да може да се кандидира за претсеател на Мјанмар, пораншната Бурма, и останувањето на правото делегираната армиска група во Парламентот да има право на вето.
Според Аунг Сан, нејзината партија ќе има кандидати во најголем број од вкупните 1.200-те изборни единици.
Партијата се надева и на соработка и поддршка на етничките плменски партии, обединети во Комитетот на племенски претставници во Парламентот, чии претставници се уште преговараат со властите за прекин на вооружените судири.
Според Уставот што е на сила во Мјанмар, Аунг Сан Су Ќи нема право да се кандидира за претседател на државата затоа што е во мешано семејство со странски државјани.
Таа во првата изјава дадена по одлуката за учество на изборите изјави дека за Мјанмар е поважно нејзината НЛД да победи на изборите и да формира влада која ќе ја врати државата во демократски текови.
Адути на партијата ќе бидат професионалните капацитети на кандидатите, меѓу кои ќе има најолем број помлади луѓе и жени.