Мјанмар останува под власт контролирана од армијата

Од:

Претседателот на Мјанмар Теин Сеин во телевизиско обраќање до нацијата, објавено денеска, најави дека и по изборите закажани за нооември годинава армијата ќе го задржи своето влијание на политиката во државата. Тоа значи дека и во идниот состав на Парламентот на Мјанмар една четвртина пратеници ќе бидат делегирани од армијата, а ќе остане нивното право на вето при донесување уставни промени и закони.

Сегашниот устав на Мјанмар, донесен во 2.008 година, по 49 годишното владеење на воената хунта со поранешната Бурма, и дава право на армијата покрај влијателното парламентарно крило автоматски да добива и неколку клучни места во владата.

Пораката на претседателот на Мјанмар доаѓа по серијата притисоци од страна на меѓународната заедница, која го обвинува сегашниот режим дека под превез на транзиција на политичкиот систем кон демократија и натаму овозможува армијата да има одлучувачко место во политиката.

Армиското крило во мјанмарскиот Парламент пред два месеца,со вето, не го дозволи амандманот според кој и лидерот на опозицијата, нобеловката за мир Аунг Сан Су Ќе би добила можност да се кандидира за претседател на државата. Сегажниот Устав не и го дозволува тоа затоа што Аун Сан беше сопругана странски државјанин, а нејзините деца по таткото имаат и британско државјанство.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар